а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кога

Вид збор: Прилог
1. Како прашален збор за време: во кое време, во кој период.
Англиски: when Албански: kur
Примери:
Кога го виде?
Кога ќе одиме на гости кај нив?
2. Во невистински прашања пред временски реченици; во кое време, во кој момент.
Англиски: when
Примери:
Не знам кога ќе патувам.
Не знам кога и каде тоа ќе се случи.
3. Во извични реченици, за чудење во искази дека нешто е необично, неочекувано.
Англиски: when
Примери:
Кога дојде, кога си отиде!
Кога толку брзо ја заврши работата!
4. Во состави и изрази при раскажување (обично засилено со еве, таму).
Англиски: then
Примери:
Седи тој крај огништето, кога ете ти еден човек.
Одат така и кога таму има што да видат.
Изрази
Кога-годе - кога и да е; кога било.
Кога и да било - сеедно кога.
Како кога - еднаш вака, другпат инаку, не секогаш исто.
Немам кога - немам време.
Уште од кога - многу одамна.
Когаш-тогаш - сега или после, кога и да е, еднаш.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи