а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кове

коват
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Удира со чекан врз усвитено парче метал, за да му даде определена форма или за да изработи некаков предмет.
Англиски: forge Албански: godet
Примери:
Ковачот го ковеше железото со тешкиот чекан.
2. Изработува метални пари.
Англиски: mint Албански: stampoj
Употреба: Економија
3. Удирајќи со чекан, забодува остар предмет (шајка, колец) во нешто.
Англиски: nail Албански: gozhdoj
Примери:
Татко ѝ коваше некаква поличка.
4. Потковува животно.
Албански: mbath
Примери:
Налбатинот ги кове коњите на свадбарите.
5. Создава, подготвува, смислува нешто (план, заговор, зборови).
Англиски: forge Албански: krijon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во литературата имаме најизразито јазично творештво и тука се кове јазикот.
Луѓето од околината ковеа завера против него.
Тие ковеа планови за нивниот заеднички живот.
Јас ковев страшна одмазда, но знаев деке немам сили да ја остварам.
Изрази
Железото се кове додека е жешко (посл.) - работите се решаваат кога им е време.
Изведенки
ковење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи