а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

книга

мн. книги
Вид збор: Именка, женски род
1. Збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници.
Англиски: book Албански: libër
Примери:
Купи неколку книги во книжарницата.
До долго во ноќта ја читав книгата.
2. том, свеска
Англиски: book Албански: vëllim
Примери:
книга прва
Прва книга Мојсиева, глава деветнаесет.
3. Назив за одделни делови од Светото писмо што претставуваат посебна целина.
Англиски: book Албански: libri
Употреба: Архаизам
Примери:
Книга на пророкот Еремија.
4. Специјална голема тетратка, со отпечатени обрасци во која се бележат, внесуваат некакви податоци.
Англиски: register Албански: libër
Употреба: Архаизам
Примери:
катастарска книга, матична книга
книга за жалби
приемна книга, даночна книга
5. писмо
Англиски: letter Албански: letër
Употреба: Разговорно
Примери:
Долго време чекам книга од него.
6. учење, писменост, знаење
Англиски: knowledge Албански: njohuri
Употреба: Разговорно
Примери:
Tој учел книга во Цариград.
Многу сака да учи книга.
7. хартија
Англиски: paper Албански: letër
Примери:
Донеси молив и една книга, јас ќе ти нацртам.
Почна да вади пакетчиња со книга завиткани.
цигарска книга
8. учебник
Англиски: textbook Албански: libër mësimi
Примери:
Ги стави книгите в ташна и тргна в училиште.
Изрази
Бела книга - официјално издаден документ на владата на некоја држава во која ги изнесува своите ставови за некое важно прашање.
Црна книга - книга со имиња на непожелни, сомнителни лица.
Џебна книга - книга со мал формат.
Изведенки
книжурина ж.
мн. книжурини
огромна книга
Пример: Книжурина од цели 900 страници.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи