а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клон

мн. клонови
Вид збор: Именка, машки род
1. Гранка, дел од голема културна, стопанска или друга установа.
Англиски: branch Албански: degë, filialë
Примери:
Македонското читалиште во Солун подоцна требаше да прерасне во централно друштво со клонови во поважните места во Македонија.
Треба да се отвори нова банка со клонови во поголемите градови.
2. Население што претставува дел од голема заедница.
Албански: grup popullate, klon
Примери:
Населението било разделено на четири поголеми групи или клонови.
3. Ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.
Англиски: clone Албански: klon
Употреба: Биологија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи