а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клешта

мн. клешти
Вид збор: Именка, женски род
1. Метална алатка, составена од два дела вкрстени во вид на ножици, што служи за фаќање, cтегање или вадење на нешто.
Англиски: pliers Албански: dana
Примери:
Ковачки клешти.
Забарски клешти.
2. Кај некои животни - дел од телото што служи за фаќање на пленот, за земање храна и сл.
Англиски: shears Албански: gërshërë, kapse
Употреба: Зоологија
Примери:
Ракот го фати со клештите.
Изрази
Фати некого во клешти - држи некого во зависна положба.
Со клешти му ги вади зборовите - со мака, на сила го тера да зборува.
Изведенки
1. клештиче ср.
мн. клештичиња
дем.
2. клештичка ж.
мн. клештички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи