а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клечи

клечат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Е на колена, се потпира на колена.
Англиски: kneel Албански: gjunjëzoj
Примери:
Луѓе од разни краишта на земјата клечеле пред светецот.
Клечеше пред иконата и се молеше.
2. Стои cо свиткани колена, без да се потпира на земјата.
Англиски: squat Албански: galiç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луѓето клечеа околу жарта и го слушаа.
3. Се потчинува, се покорува некому, моли некого.
Англиски: subdue Албански: gjunjëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас тебе, еве убаво те молам, на коленици клечам ако треба.
Сигурен беше дека оној што моли, не мора секогаш да клечи на колена.
Му реков дека еден ден ќе клечи и ќе моли, но доцна ќе е.
Изведенки
клечење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи