а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клепа

клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Удира, чука на клепало; чука воопшто.
Англиски: knock Албански: troket
Примери:
На портата клепаат двајца питачи со спружени раце.
2. Остри со чукање (коса, секира).
Англиски: sharpen Албански: troket
Примери:
Фати да ја клепа косата.
3. Делка камен; вреже во камен.
Англиски: carve Албански: kalis
Примери:
Сега неопределениот шум се распозна: клепаа каменоресците.
4. Остри со чукање воденички камен.
Англиски: smooth Албански: godet
5. Многу зборува, дрдори, ломоти.
Англиски: chatter Албански: llomotis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Жените цел ден клепаа во дворот.
6. Пишува невешто, прави стихови без инспирација.
Албански: pastërvitur
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Тој цели две недели ги клепаше стиховите.
7. клевети
Англиски: slander Албански: shpif
Употреба: Преносно значење
8. Трепка со очите.
Англиски: blink Албански: vezullon
Примери:
Старецот го гледаше момчето кое клепаше збунето со очите.
Изведенки
клепање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи