а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клања

клањаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Кај муслиманите - прави молитва.
Англиски: pray Албански: falet, lutet
Употреба: Религија
Примери:
Тој ја клањал икиндијата кога влегле тие во одајата.
2. (се клања) Се моли (во религиозна смисла).
Англиски: pray Албански: falet, lutet
Употреба: Религија
Примери:
Дервишите се клањаа секоја вечер во теќето.
3. (се клања) Се поклонува на некого, пред некого (во знак на поздрав, почит).
Англиски: bow Албански: përkulem
Примери:
Виткајќи половина пред неа, зафати да се клања.
На кнезот му се клањаа и старите и младите.
4. (се клања) Искажува понизност, сервилност некому.
Англиски: kneel Албански: gjunjëzohem, lutem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше научен да се клања, а не да му се клањаат.
Изведенки
клањање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи