а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клати

клатат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Движи ритмички таму-ваму.
Англиски: oscillate Албански: oscilon, tundet, luhatet
Примери:
Го доближува уште повеќе пагурчето, го клати во раката и отпива малку од него.
Коњчето тргна, клатејќи го јавачот на својот грб.
2. (се клати) Се движи ваму-таму.
Англиски: swing Албански: sillet, tundet, luhatet
Примери:
Пред влезната врата се клатеше фенер.
Заболекарот му го извади забот што се клатеше.
3. (се клати) Cе движи нишајќи се, се гега; се движи бавно, се влече.
Англиски: drag Албански: zvarritet, ec zhag
Примери:
Старецот полека се клатеше по патот.
Изрази
Клати нозе - ништо не работи, безделничи.
Клати врата - земи плата.
Изведенки
клатење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи