а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клапа

мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
1. стапица
Англиски: trap Германски: Klappe Албански: kurth
2. Направа за ловење глувци.
Англиски: mousetrap Германски: Klappe Албански: kurth
3. Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.
Англиски: valve Германски: Klappe Албански: valvulë
Употреба: Анатомија
4. Посебна плоча со горен ударен дел со која се снимаат ознаките за бележење одделни кадри во филмот.
Англиски: take Германски: Klappe Албански: kllapë
Употреба: Сцена
Примери:
Последната клапа на филмот ќе биде снимена денеска на пероните на Железничката станица во Скопје.
Првата клапа е завршена, станувате „филмски ѕвезди“.
5. Подвижен механички дел кој по потреба се отвора или затвора.
Англиски: flap Германски: Klappe Албански: kllapë
Употреба: Технологија
Примери:
Клапите на авионот се спремни за полетување.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи