а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

китка

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
1. Неколку стракови цвеќе заедно.
Англиски: bouquet Албански: tufë lulesh, buket
Примери:
Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.
2. Сноп од растенија или зачини врзани заедно.
Англиски: bundle Албански: tufë
Примери:
китка магдонос
китка праз
китка планински чај
3. Сноп од гајтани, памучни, волнени или свилени конци врзани на едниот крај што служат како украс на капа, марама, облека и др.
Англиски: lacing Албански: kurdel, gajtan
Примери:
Носеше фес со китка.
Нивните коњи беа украсени со китки по уздите.
4. Дел од раката од основата на прстите до зглобот или самиот зглоб.
Англиски: palm Албански: pallë, shputë
Употреба: Анатомија
Примери:
На долгите прсти блескаа златни прстени, а на китките исти такви гривни.
Грубо и ја свитка китката од раката.
5. Шумичка во поле, осамени дрвја на возвишение; место што личи на китка.
Англиски: grove Албански: zabel
Употреба: Географија
6. Збирка од песни или стихотворби.
Англиски: anthology Албански: antologji, përmbledhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Китка македонски народни песни.
7. цвет
Англиски: flower Албански: lule
Употреба: Ботаника , Дијалектен збор
Примери:
Што убави китки си посадила.
8. (само мн.) сипаница
Англиски: measles Албански: fruth
Употреба: Дијалектен збор , Медицина
Изведенки
китче ср.
мн. китчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи