а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кити

китат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Украсува, дотерува некого или нешто.
Англиски: decorate Албански: stolis
Примери:
Секоја година децата ја китеа новогодишната елка.
Друшките ја китеа невестата со алтани.
2. Прави китка, врзува во китка.
Албански: bën tufa
Примери:
Липата ја китиме и ја врзуваме, китките да се сушат.
3. Употребува избрани зборови во говорот, пишувањето и сл.
Англиски: embroider Албански: stilizon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Началникот ја китеше својата реч cо маса различни зборчиња.
4. (се кити) Става на себе накит, украси.
Англиски: adorn Албански: stolisem, zbukurohem
Примери:
Hие си ги китиме косите со расцутените цутови од кајсиите.
Жената се китеше со златен накит.
Изрази
Се кити со туѓо перја - присвојува туѓи заслуги.
Изведенки
китење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи