а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кирија

мн. кирии
Вид збор: Именка, женски род
1. Плата, награда што се дава на кираџија.
Англиски: toll Турски: kira Албански: qira
Употреба: Архаизам
2. Паричен надомест за изнајмена куќа, стан, соба и сл.
Англиски: lease Турски: kira Албански: qira
Употреба: Економија
Примери:
Во неговата куќа може да живее колку што сака, само да плаќа кирија и да ја чува.
3. Паричен надомест за привремено користење на нешто (нива, средство за работа).
Англиски: rent Турски: kira Албански: qira, rentë
Употреба: Економија
Примери:
Со чеза земена под кирија тој леташе од нива на нива и ги надгледуваше работите.
Имаат лозје, дуќан даден под кирија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи