а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кине

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња.
Англиски: tear Албански: grisë, coptoj
Примери:
Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно.
Трњето му ги кинеа панталоните и кошулата.
2. Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело.
Англиски: tear Албански: coptoj, këpus
Примери:
Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидини.
3. За растенија, цвеќе - одделува плод, лист од растение со нагло движење.
Англиски: pick Албански: këpus
Примери:
Не кинам јаболка, не собирам оскоруши, не им правам штета во овоштарникот.
4. Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи.
Англиски: break Албански: thyej, këpus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мислата дека ќе се раздели од него ѝ го кинеше срцето.
Навредата беше тешка и ја кинеше неговата неспокојна душа.
5. (се кине) Се раскинува на парчиња.
Англиски: tear Албански: coptoj
Примери:
Џебовите, со полни камења, ѝ се кинат под товарот.
Од многу играње фудбал се кинат патиките.
6. (се кине) Се прекинува, губи континуитет.
Англиски: tear Албански: këputet, coptohet
Примери:
Нишките на разбојот се кинеа една по една.
Конецот се заплеткуваше и често се кинеше.
7. (се кине) Трпи голема физичка или психичка болка, мака, тага.
Англиски: torment Албански: vuaj, mundoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Душава ми се кинеше кога го гледав тажен.
Срцето ѝ се кинеше по него.
8. (се кине) Се вознемирува, се грижи, се нервира.
Англиски: annoy Албански: mërzitem, zemërohem
Примери:
Не чини да се кинеш, синко, за болеста не чини.
9. (се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
Англиски: toil Албански: këputem, rraskapitem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Секој ден се кинам од работа, а никој не ми верува.
Изрази
Се кине од плач - силно, премногу плаче.
Се кине од смеа - силно, бучно се смее.
(посл.) Кај што е тенко, таму се кине.
Изведенки
кинење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи