а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кибицира

кибицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Љубопитно набљудува игри со карти, шах, спортски игри и сл.
Англиски: kibitz Германски: kiebitzen Албански: bën me sy
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој можеше да ги кибицира твоите карти.
2. Набљудува, гледа со интерес и уживање воопшто.
Англиски: watch Албански: vëzhgoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Момчето од соседната маса упорно ја кибицираше.
3. (се кибицира) Се гледаат еден со друг, кокетираат.
Англиски: flirt Албански: koketoj, flirtoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тие двајца веќе долго време се кибицираат.
Изведенки
кибицирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи