а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каша

мн. каши
Вид збор: Именка, женски род
1. Јадење приготвено од сварено брашно со вода или млеко.
Англиски: porridge Албански: qull
Употреба: Гастрономија
Примери:
Каша од пченкарно брашно.
Овесна каша.
Јадеа пиле со каша.
2. Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.
Англиски: mush Албански: qull
Употреба: Гастрономија , Преносно значење
3. Маса добиена cо мешање на прав или парчиња од некоја супстанција со течност.
Англиски: slush Албански: qull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел ден играа на снегот и снегот cе престори во каша.
4. мешаница, бркотница, хаос
Англиски: mess, chaos Албански: tollovi, konfuzion
Примери:
И тука работите станаа каша.
Каша ми стана во главата.
Изрази
Замати, свари каша - предизвика недоразбирање, создаде замрсена ситуација.
Се врти како мачка околу врела каша - претпазливо, несигурно приоѓа кон нешто, кон нешто што го посакува.
Изведенки
1. кашица ж.
мн. кашици
дем. и хип.
2. кашичка ж.
мн. кашички
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи