а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

катран

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Густа и леплива црна течност што cе добива при сува дестилација на органски материјали, особено дрво и јаглен.
Англиски: tar Турски: katran Албански: katran
Примери:
Беше принуден да прави катран од големите борови во блиската шума.
2. Темнокафена, црна материја што cе изделува од тутунот при пушење.
Англиски: tar Турски: katran Албански: katran
Примери:
Цигарата не cе пие докрај, туку некаде до втората половина за катранот и отровот да останат во догорчето.
3. Маст за подмачкување тркала, коломаз.
Англиски: grease Турски: katran Албански: lyrë, graso
4. опиум
Англиски: opium Турски: katran Албански: opium, katran
Примери:
Од полињата надоаѓаа афионари cо пити катран и семе.
Афионски катран.
Изрази
Срцето му е полно со катран.
Изведенки
катрански прид.
катранскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи