а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

категорија

мн. категории
Вид збор: Именка, женски род
1. Поим во кој се одразуваат најопштите и најсуштествените својства и односи меѓу предметите и појавите во реалниот свет.
Англиски: category Албански: kategori
Примери:
Културата е категорија поширока и од самото општество.
Тогаш видов колку е времето релативна категорија.
Етички категории.
2. Група еднородни или слични предмети, појави, лица итн.
Англиски: category Албански: kategori
Примери:
Секоја сорта или категорија гости си има и свој начин за веселба.
Луксузен угостителски објект од А-категорија.
3. Во спортот - натпреварувачка група.
Англиски: category Албански: kategori
Употреба: Спорт
Примери:
Мува категорија.
Лесна категорија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи