а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

катапулт

мн. катапулти
Вид збор: Именка, машки род
1. Воена опсадна направа за исфрлање камења, стрели врз непријателот што се користела во стариот век.
Англиски: catapult Албански: katapult
Употреба: Историја
2. Направа со помош на која авионите полетуваат од бродска палуба, добивајќи го забрзувањето потребно за полетување.
Англиски: catapult Албански: katapult
3. Механизам во авион со чија помош пилотот може да биде исфрлен заедно со седиштето во случај на хаварија.
Англиски: catapult Албански: katapult
4. Механизам што автоматски го одделува космонаутот од вселенскиот брод.
Англиски: catapult Албански: katapult
FlexiMac
 менување на македонски глаголи