а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

катализатор

мн. катализатори
Вид збор: Именка, машки род
1. Материја, супстанција што ја забрзува или успорува хемиската реакција, а при тоа останува непроменета.
Англиски: catalyst Албански: katalizator
Употреба: Хемија
2. Дел од автомобилот што ги прочистува издувните гасови.
Англиски: catalytic converter Албански: katalizator
Употреба: Транспорт
Примери:
Поради законите за чист воздух, новите автомобили имаат катализатори.
3. Појава, процес, фактор што внесува ред и согласност во некакви односи и сл.
Англиски: catalyst Албански: katalizator
Употреба: Преносно значење
Примери:
Љубовта е оној катализатор кој ги ослободува другите човекови чувства.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи