а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

катадневен

катадневни
Вид збор: Придавка
1. Што се повторува секој ден, што се случува, што се извршува секој ден.
Англиски: everyday
Употреба: Разговорно
Примери:
Катадневни грижи.
2. Што служи за секој ден.
Англиски: usual
Примери:
Носеше катадневно доламче.
Изведенки
1. катадневно прил.
Пример: Со нетрпение, катадневно очекувал да пристигне поштата.
2. катадневие ср.
мн. катадневија
Пример: Се мачи во своето катадневие.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи