а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

касне

каснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана.
Англиски: bite Албански: kafshoj
Примери:
По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела.
Тој незабележано го касна мустакот.
Козарот го каснала змија во планината.
Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала.
2. Земе, изеде малку храна.
Англиски: bite Албански: haj, ngrënë
Примери:
Сега тие се гладни зашто денеска уште немаат каснато ништо.
Цел ден не каснал ни залак.
3. Зајаде, навреди, боцне некого со зборови.
Англиски: bite Албански: pickon, shpon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите зборови го каснаа и го заболеа.
4. (се касне) Се гризне со заби.
Англиски: bite Албански: kafshon
Изрази
Змија ме каcна - ме погоди многу со збор, со постапка.
Змија ме каcна - претчувствува нешто лошо.
(посл.) Кој е каснат од змија се плаши и од гуштерица.
Изведенки
1. каснува несв.
(се) каснуваат
2. каснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи