а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каса

касаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Гризе со заби, боцка со осило, оставајќи трага, рана.
Англиски: bite Албански: kafshoj
Примери:
Исплашена ги праша дали кучето каса.
Се бранеше од инсектите што летаа и касаа.
Таа ги касаше своите усни.
2. Зајадува, навредува, боцка некого со зборови.
Англиски: gibe Албански: kafshoj, therrë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Варди се од тој човек, сум чул дека каса.
3. За студ - нанесува остра дразба, штипе.
Англиски: bite Албански: shpoj, ha
Употреба: Преносно значење
Примери:
Снегот ноќе е топол, само ветерот каса.
Студот почна да каса.
4. (се каса) Се гризат еден cо друг.
Англиски: bite Албански: kafshon
Примери:
Пците разбеснето се касаа, се давеа.
Изведенки
касање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи