а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каса

мн. каси
Вид збор: Именка, женски род
1. Кутија или шкаф, обично од метал за чување пари и вредности.
Англиски: cashbox Албански: arkë, kasë
Употреба: Економија
Примери:
Во железната каса се чуваше злато, меници, накит и други скапоцености.
2. Место каде што cе врши уплата и исплата на парични средства.
Англиски: box-office Албански: kasë
Употреба: Економија
Примери:
Појди на каса, налогот е веќе таму.
Билетите се продаваат на касата од театарот.
3. финансии воопшто, пари
Англиски: treasury Албански: arkë, thesar
Употреба: Економија
Примери:
Касата на фудбалскиот сојуз.
Државната каса е празна.
4. Направа со која што се регистрира наплатата, cе пресметува вкупниот износ и се издава белешка.
Англиски: cash register Албански: kasë
Употреба: Економија
Примери:
фискална каса, електронска каса
FlexiMac
 менување на македонски глаголи