а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кармин

мн. кармини
Вид збор: Именка, машки род
1. Отворена, светло црвена боја од карминска киселина, добиена од сушени штитести вошки кошенил со други додатоци.
Албански: ngjyrë e kuqe karmini
Употреба: Хемија
Примери:
Купи три фустани, бел, зелен и кармин.
2. Козметичко средство што се користи за мачкање на усните црвено.
Англиски: rouge Албански: karmin, kuq buzësh
Примери:
Си стави кармин на усните и го побара својот лик во огледалото.
3. Козметичко средство за мачкање на усните во која и да е боја.
Англиски: lipstick Албански: karmin
Примери:
Купи крем за лице и кармин.
Изведенки
карминче ср.
мн. карминчиња
дем. и хип.
Пример: Ќе се намачкаш кремче, ќе си ставиш карминче на усните.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи