а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

карикатура

мн. карикатури
Вид збор: Именка, женски род
1. Цртеж во кој свесно се истакнати, зголемени и изобличени карактеристичните црти на некоја личност, предмет, настан или појава за да се постигне комичен или сатиричен ефект.
Англиски: caricature Албански: karikaturë
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Ти го земаш четчето и потоа правиш подмолна карикатура со мојот лик.
2. Комично или сатирично претставување на некого или нешто во литературата.
Англиски: cartoon Албански: karikaturë
Употреба: Литература
3. Смешна сличност со тоа што требало да биде; нешто искривено, изобличено, лошо направено.
Англиски: caricature Албански: karikaturë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа е карикатура на законот што сите го очекувавме.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи