а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кариера

мн. кариери
Вид збор: Именка, женски род
1. Избрана професија, служба, занимање; време поминато во некое занимање.
Англиски: career Албански: karierë
Примери:
Научна кариера.
Уметничка кариера.
2. Напредување, успех во професијата; нагло напредување, издигнување во службата.
Англиски: career Албански: karierë
Примери:
За неколку години му порасна кариерата.
Изрази
Прави кариера - нагло напредува во професијата.
Изведенки
кариерен прид.
кариерниот
Пример: кариерен развој
FlexiMac
 менување на македонски глаголи