а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

карактеризира

карактеризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Даде, дава карактеристика, опише, опишува суштествени црти на некого или на нешто.
Англиски: characterize Албански: karakterizon
Примери:
Тој нивниот настап го карактеризира како неуспешен.
Инспекцијата карактеризира некои наши производи како непогодни за употреба.
2. Стане, станува својствен, карактеристичен белег за некого или нешто.
Англиски: characterize Албански: karakterizon
Примери:
Долината на Вардар ја карактеризира блага средоземна клима.
Стилот на писателот го карактеризира едноставност и јасност.
3. (се карактеризира) Се одликува со некои посебни црти.
Англиски: characterize Албански: karakterizohet
Примери:
Дејството на сказната се карактеризира со голема динамичност.
Изведенки
карактеризирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи