а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капка

мн. капки
Вид збор: Именка, женски род
1. Многу мал дел од течност што при слободно паѓање има тркалезна форма.
Англиски: drop Албански: pikë
Примери:
Челото ѝ беше оросено со големи капки пот.
дождовни капки
капка роса
2. (обично во мн.) Лек што се прима во вид на капки; мера за примање течни лекарства.
Англиски: drop Албански: pikë
Употреба: Медицина
Примери:
Му стави три капки во окото.
3. Многу мала количина од течност.
Англиски: drop Албански: pikë
Примери:
Две недели капка в уста не стави за да биде трезен.
Не можеше да лизне ни капка, поради она несреќно опивање од кое сѐ уште ѝ беше тешко.
4. Многу мал дел од нешто.
Англиски: drop Албански: pikë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Немаше во песната ни раска надеж, ни капка радост.
Во неговите очи немаше ни капка злоба.
5. Извор, кладенец каде што водата извира во вид на одделни капки.
Англиски: drop Албански: pikë, burim
Употреба: Географија
6. Дамка на ткаенина.
Англиски: spot Албански: njollë
Примери:
На кошулата имаше капки крв.
Изрази
Млад како капка - убав, млад.
Ни капка - ни најмалку, ништо.
Капка по капка - малку по малку, пополека.
Без капка крв - без борба.
До (последна) капка - до крај, целосно.
Чува (гледа) како капка вода на дланка - грижливо чува, негува.
Изведенки
капкичка ж.
мн. капкички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи