а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капе

капат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Паѓа капка по капка.
Англиски: drop Албански: bie
Примери:
Солзите ѝ капеа низ образите.
На раката му капеше вода.
Жолтеникава смола капеше од грубите кори на стеблата.
Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето.
Од носот му капеше крв.
2. Прокиснува, пропушта вода.
Англиски: drip Албански: pikoj
Примери:
И дење и ноќе капеше од таванот.
Се слушаше како под прозорците стреите капат.
3. За лисје, цвет, плод на дрво - паѓа.
Англиски: fall Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плодовите капат изгорени и суви.
Над неа капеа гранките од јаболкниците.
Лисјата на дрвјата капеа.
4. За пари, добивка - пристигнува по малку, но постојано.
Албански: merr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од различни страни капе по некоја пара.
5. Работи без прекин, се мачи.
Англиски: toil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој цела година капе по полето cо сето семејство.
6. Cе преморува, ослабнува физички.
Англиски: exhaust Албански: shter
Примери:
Многу сум уморен, капам за спиење.
7. Мие, отстранува нечистотија од телото, бања.
Англиски: bathe Албански: laj
Примери:
Мајката го капеше детето.
8. (се капе) се бања
Англиски: bathe Албански: laj
Примери:
Децата се капеа секоја недела.
9. (се капе) плива
Англиски: swim Албански: notoj
Примери:
Лете, понекогаш се капеа во реката.
Јас во река сум се капел, а во море не.
Изрази
Ако не врне, капе - нема многу ама доволно е.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи