а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капа

мн. капи
Вид збор: Именка, женски род
1. Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото.
Англиски: cap Албански: kapelë
Употреба: Општество
Примери:
капа со козирка
крзнена капа, службена капа
морнарска капа, војничка капа
2. Височинка во облик на капа.
Англиски: cape Албански: kep
3. Тоа што личи на капа.
Англиски: cap Албански: kësulë
4. Тоа што го покрива врвот на нешто, што се наоѓа над нешто, одозгора.
Англиски: tip Албански: majë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тука и планините имаат бели капи.
Ветрот ги развеваше белите капи на сувите млечки.
Изрази
Небеска капа - небесен свод, небо.
Има мува на капата - има некаква вина, грев.
Му (с)крои капа некому - одлучи, одлучува за некого без негово знаење, согласност.
Накриви капа! - биди без грижа!
Ги (по)меша капите - започне борба.
Полна капа - доволно, премногу.
Симне капа - поздрави некого.
Симне капа - даде, дава признание некому.
Каква глава, таква капа - секој според себе го добива тоа што го заслужил.
Му даде по капата - удри некого, му зададе удар физички или морално.
(посл.) При двајца татковци, детето останува без капа.
Изведенки
капиште ср.
мн. капишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи