а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капацитет

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
1. Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина нешто.
Англиски: capacity Албански: kapacitet
2. Големина на просторот што ја зазема некое тело.
Англиски: volume Албански: vëllim, kapacitet
Примери:
Капацитет на резервоар.
3. Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика).
Англиски: capacity Албански: kapacitet, fuqi
Употреба: Физика
Примери:
Машинското одделение работи со полн капацитет.
Филмот, телевизијата и радиото се потпираат врз режисерскиот и актерскиот капацитет на македонските театри.
4. Способност на некое тело во себе да собира, да прима електрицитет, топлина, влага и сл.
Англиски: capacity Албански: kapacitet
Употреба: Физика
Примери:
Топлотниот капацитет е определен со производот помеѓу тежината на почвата и специфичната топлина.
5. Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати).
Англиски: capacity Албански: kapacitet
Употреба: Економија
Примери:
Важен индустриски капацитет.
6. Човек со големи способности и големо знаење за дадена област.
Англиски: specialist Албански: kapacitet, specialist
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е голем капацитет во областа на физиката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи