а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

канцеларија

мн. канцеларии
Вид збор: Именка, женски род
1. Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи.
Англиски: office Германски: Kanzlei Албански: zyrë
Примери:
Во канцелариите наеднаш стана мошне живо.
Наставничка канцеларија.
Канцеларија за извештаи и рапорти.
Адвокатска канцеларија.
2. Персоналот што работи во такво биро, администрација.
Англиски: office staff Албански: personeli administrativ
Примери:
Имаа чести преписки со неговата канцеларија.
3. Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл.
Англиски: office Албански: seli, zyrë
Употреба: Административен термин
Примери:
Од канцеларијата за врски ја потврдија информацијата.
4. Орган на таква управа, власт.
Англиски: office Албански: zyrë
Употреба: Административен термин
Примери:
Таму ќе отвориме огранок на месна канцеларија и ќе ни треба човек за таму.
Изведенки
канцелариичка ж.
мн. канцелариички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи