а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

канон

мн. канони
Вид збор: Именка, машки род
1. Утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија.
Англиски: canon Албански: kanon, norm ligjore fetare
Употреба: Црковен термин
Примери:
Црковни канони.
2. Попис на религиозни списи прифатени од црквата како cвети книги.
Англиски: canon Албански: kanon
Употреба: Црковен термин
3. Псалм определен за пеење во чест на празник или светец.
Англиски: canon Албански: kanon, psalm
Употреба: Црковен термин
4. Збир на правила, норма, принцип во некој уметнички правец, творештво, учење и сл.
Англиски: canon Албански: kanon
Употреба: Преносно значење
5. Верижно пеење во хор, во кое мелодијата на водечкиот глас ја прифаќаат и другите гласови, повторувајќи ја во определени периоди.
Англиски: canon Албански: këndim kanon
Употреба: Музика и танц
6. Стар жичен музички инструмент од составот на чалгаџиите.
Англиски: canon Албански: instrument i vjetër, kanon
Употреба: Музика и танц
Изведенки
канонски прид.
канонскиот
Пример: канонски книги, канонско право
FlexiMac
 менување на македонски глаголи