а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кандидат

мн. кандидати
Вид збор: Именка, машки род
1. Лице што конкурира, тој што ги исполнува условите пропишани за некоја служба, звање и сл.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Примери:
Hа конкурсот во училиштето се јавија голем број кандидати.
Tаа година тој беше единствениот кандидат за академик.
2. Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело или организација.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Употреба: Политика
Примери:
пратенички кандидат
3. Ученик или студент што полага некаков испит.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Употреба: Образование
Примери:
На приемниот испит се јавија голем број кандидати.
4. Лице што има намера да се ожени / омажи за некого.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Примери:
Во младоста таа имаше голем број кандидати, но сепак остана немажена.
Изведенки
1. кандидатка ж.
мн. кандидатки
2. кандидатски прид.
кандидатскиот
Пример: кандидатска листа
FlexiMac
 менување на македонски глаголи