а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

канал

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
1. Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води.
Англиски: sewer Албански: kanal
Употреба: Архитектура и градба
2. Морски премин меѓу две копна.
Англиски: canal Албански: kanal
Употреба: Географија
Примери:
Босфорскиот Канал ја дели Европа од Азија.
3. Долг, широк и длабок ископ за поврзување две реки или мориња.
Англиски: canal Албански: kanal
Употреба: Географија
Примери:
Панамски Канал
Суецки Канал
4. Затворен, подземен ископ (изѕидан или во кој се сместени големи цевки) за снабдување на градот со вода, за довод на нафта, гас и сл.
Англиски: duct Албански: kanal, tub
5. Ископ за поставување кабли, жици и сл.
Англиски: canal Албански: kanal
Примери:
Ископа еден канал во кој поставија жица за електрика.
6. Вдлабнатина во површината на метален дел.
Англиски: groove Албански: kanal, lug
7. Одредена фреквенција на ултракратки бранови.
Англиски: channel Албански: kanal
Употреба: Технологија
Примери:
телевизиски канал
Гледачите можат да ја избираат програмата на повеќе канали.
8. Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Англиски: tract Албански: trakt, kanal
Употреба: Анатомија , Медицина , Преносно значење
Примери:
жолчен канал
9. Пат, врска, начин на кој (обично тајно) нешто се соопштува, се дознава, се постигнува и сл.
Англиски: connection Албански: kanal, lidhje
Примери:
Тој беше донесен по тајни канали.
Во мај тој замина по канал за Софија.
Изведенки
1. каналче ср.
мн. каналчиња
2. каналски прид.
каналскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи