а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

камикаѕе

мн. камикаѕи
Вид збор: Именка, машки род
1. Во Втората светска војна - јапонски пилот самоубиец, што го жртвувал својот живот, уривајќи се со својот авион (торпедо) полн со експлозив врз непријателски брод.
Англиски: kamikaze Албански: kamikaz
Употреба: Историја
Примери:
Млади пилоти се подготвуваат за речиси сигурна смрт, се сцени од новиот филм за јапонските камикаѕе, самоубиствени мисии за време на Втората светска војна.
2. Терористи што уништуваат некој објект со експлозив врзан за нивното тело.
Англиски: terrorist Албански: kamikaz, terrorist
Употреба: Преносно значење
3. Секој што свесно подготвува самоуништувачки дејствија.
Англиски: suicidal assassin Албански: vrasës vetëvrasës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Илјадници возила низ Македонија се движат како камикаѕе, технички неисправни наместо на отпад како старо железо, тие ги загрозуваат животите на луѓето.
Изведенки
камиказе м.
мн. камикази
FlexiMac
 менување на македонски глаголи