а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

камара

мн. камари
Вид збор: Именка, женски род
1. Вдлабнатина, долап во ѕидот, во вид на прозорец за ставање cитни работи.
Англиски: niche Албански: kamare
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Го зеде пагурчето од камарата и се напи ракија.
2. Вдлабнатина во ѕидот со седела за квачење јајца.
Албански: kamare
Употреба: Земјоделство
Примери:
Направени се по две-три камари каде несат кокошките јајца.
3. Куп, грамада, мноштво од нафрлени или подредени еднородни предмети.
Англиски: pile Албански: grumbull, tog
Примери:
Камара со дрва.
4. Куп сено или слама.
Англиски: pile Албански: stog
Примери:
Тој скубнуваше сено од камарите и го ставаше пред овците.
Изведенки
1. камарка ж.
мн. камарки
2. камарче ср.
мн. камарчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи