а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кал

(едн.) калта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2397
1. Земја раскашавена од вода.
Англиски: mud Албански: baltë
Примери:
Калта како тесто се лепи за чевлите, натежнува.
Нозете ѝ беа покриени со засушена кал.
Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
2. Посебна смеса од земја, вода и слама што се употребува при ѕидање.
Англиски: mush Албански: baltë, lloç
Употреба: Архаизам
Примери:
Порано куќите се мачкаа со кал.
Надвор вее ветриште и удира врз ѕидовите плетени, та облепени со кал.
3. нечистотија
Англиски: dirt Албански: ndyrësi, baltë
Примери:
Ушна кал.
За да ти заврши некоја работа, ќе ти ја земе и калта под ноктите.
4. беда, мизерија
Англиски: misery Албански: mizeri, varfëri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луѓето сепак не се толку лоши и тој можеби не ги турка сосема во калта на животот.
Мрзеливост, кал и прав беа белези со кои се сродил векот.
Изрази
Фрла кал на некого - клевети, навредува некого.
Извлекува, крева (некого) од калта - дава помош некому, спасува некого од материјална беда или од морална пропаст, од срамота.
Изведенки
1. кал м.
(едн.) калот
2. калца ж.
(едн.) калцата
дем.