а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

калап

мн. калапи
Вид збор: Именка, машки род
1. Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа.
Англиски: form Турски: kalıp Албански: kallëp
Примери:
Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли.
Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап.
Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи.
калап за торта
2. Производ со правоаголна, четвртеста форма добиен со помош на калап.
Англиски: mould Албански: myk
Примери:
Подај ми го калапот сапун.
еден калап сирење
3. Збиен и цврсто врзан врзоп од тутун, лисја, сено, трева.
Англиски: packet Албански: qeskë
4. модел, шаблон, пример
Англиски: model Албански: model
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа беше така воспитана и по ист калап ги воспита и своите деца.
5. Определен, затврден ред на правила и норми.
Англиски: template Албански: shabllon
Примери:
Поголемиот дел песни се вклопуваа во калапите на стандардите од нашите фестивали.
Изрази
На еден калап вадени - иcти, идентични.
По калап - неоригинално, на ист начин, еднообразно. *Работи по ист калап со години.
Изведенки
калапче ср.
мн. калапчиња
дем.
Пример: калапчиња локум
FlexiMac
 менување на македонски глаголи