а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

казан

мн. казани
Вид збор: Именка, машки род
1. Голем, длабок бакарен сад со тркалезна форма што служи за загревање, готвење, перење и сл.
Англиски: kettle Турски: kazan Албански: kazan
Примери:
Во казанот клокоти ајвар.
војнички казан
2. Сад за варење ракија.
Англиски: distillery Турски: kazan Албански: kazan
Примери:
Од казанот потече првата протока.
3. Заедничка, масовна исхрана што ја организира некоја официјална установа.
Англиски: meal Турски: kazan Албански: kazan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги мрази затоа што тие се хранат на заеднички казан.
4. длабока котлина
Англиски: valley Турски: kazan Албански: luginë
Употреба: Географија
Изведенки
1. казаниште ср.
мн. казаништа
аугм.
2. казански прид.
казанскиот
Пример: казанска печка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи