а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кадар

мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
1. Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација.
Англиски: cadre Албански: kuadro
Употреба: Економија
Примери:
наставен кадар
научни кадри
партиски кадар
одлив на кадри
2. Постојан состав на воена единица (во време на мир).
Англиски: cadre Албански: staf
Употреба: Воен термин
3. Основна монтажна единица на филм, дел од филмска лента снимен со еднократна работа на камерата.
Англиски: take Албански: kuadër
Употреба: Сцена
4. Секоја, засебна снимка од филмска лента.
Англиски: picture Албански: kuadër, foto
Употреба: Сцена
Примери:
Го сними и последниот кадар од филмот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи