а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кабел

мн. кабли
Вид збор: Именка, машки род
1. Изолирана жица или жици од бакар или друг материјал што служи за пренос на електрична енергија и сигнали.
Англиски: cable Албански: kabllo
Употреба: Технологија
Примери:
подземен кабел
Една група работници го прекопуваат тротоарот за поставување телефонски кабли.
2. Вид бродско челично јаже.
Англиски: rope Албански: litar metalik, sajllë
Изрази
Оптички кабел - кабел за мрежно поврзување на компјутери.
Изведенки
кабелче ср.
мн. кабелчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи