а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

и

Вид збор: Сврзник
1. Координациски, составен (копулативен) за поврзување делови со истореден однос. За поврзување зборови, зборовни состави со исто, со слично или со различно значење меѓу кои се воспоставил однос на надоврзување.
Англиски: and
Примери:
млади и убави девојки
високи и стројни момчиња
2. За поврзување на последниот член при набројување.
Англиски: and
Примери:
Во кошницата имаше краставици, пиперки, домати и моркови.
Примерите се од: уметничката литература, стручните текстови, театарот, музиката, филмот, фирмите и рекламите.
3. Пред набројување, заедно со „тоа“
Англиски: and
Примери:
Проектот предвидуваше уште неколку видови дејност, и тоа: - организирање меѓународен собир, трибини на определени теми...
4. При набројување кога се дава како последен дел, заедно со: „друго“ (и др.), „слично“ (и сл.) „така натаму“ (итн.)
Англиски: and
Примери:
Сакам да си купам патики, блуза, џемпер, палто и сл.
5. За поврзување на последниот член од сложени броеви.
Англиски: and
Примери:
Сто педесет и два.
Двесте и осум.
6. За поврзување делови за да се искаже сеопфатност.
Англиски: and
Примери:
По победата, и младо и старо излезе на улица.
7. Врзува зборови и синтагми при набројување за да се потсили и да се истакне нешто.
Англиски: and
Примери:
Среде плоштадот толпа, и жени, и деца, и музика, и пејачи, и глумци, и сѐ и сешто.
8. За поврзување реченици, многукратно употребен, појавувајќи се како врска меѓу сите дел-реченици освен во првата (полисиндетон).
Англиски: and
Примери:
Ние останавме до утрото, виното го испивме и песните ги испеавме, и јадењето го изедовме, и игрите ги изигравме.
9. Разделен, повторен, за поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе, ем...ем.
Англиски: and
Примери:
И парите ги дадовме и гладни останавме.
10. За поврзување реченици што претставуваат единство или на некој начин се согласуваат.
Англиски: and
Примери:
Јас и Игор сме браќа.
11. За поврзување еднократни и повторливи дејства кои може да се случуваат и последователно.
Англиски: and
Примери:
Таа седеше и читаше со часови.
Момчето стана и си отиде.
12. (и ако) За воведување и поврзување дел-реченица во состав на зависносложена допусна реченица.
Англиски: and
Примери:
Нема да жалам и ако умрам сега.
13. За поврзување дел-реченици во состав на неколку зависносложени реченици.
Англиски: and
Примери:
Ќе дојдам ако се ослободам од обврските и ако најдам превоз.
Знам дека имаш право и дека ќе успееш.
Сака да седи по цел ден на прагот и да гледа кој поминува.
14. Со лексички конкретизатори за да се засили составната врска заедно со: „притоа“, „уште“, „кон тоа“, „освен тоа“ и сл.
Англиски: and
Примери:
Тој го создаваше своето животно дело и притоа не очекуваше пофалби.
Таа направи пита и уште неколку други сукани теста.
15. За воспоставување причинско-последичен однос, со анафорска употреба на: „затоа“, „поради тоа“ и сл.
Англиски: and
Примери:
Тие многу ме пофалија и затоа сум многу среќен.
16. Да најави спротивно од очекуваното, заедно со: „пак“, „сепак“.
Англиски: and
Примери:
Тој цел ден се смее и пак не чини.
Многу се воздржуваше и сепак кажа некои работи.
17. Во составот на сврзничкиот спој на дистанција (не само...а (ами, туку, но) и ...) со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Англиски: and
Примери:
Тие не само што се развеселија туку и заиграа.
Таа не само што победи но и добар резултат постигна.
18. Самостојно, во разговорниот јазик, со очекување да продолжи со зборувањето.
Англиски: and
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа дојде кај мене. - И?
19. На почетокот на реченица, обично во разговорниот јазик, како знак дека мислата продолжува.
Англиски: and
Употреба: Разговорно
Примери:
Едно време си бил еден цар, и имал големо царство, и многу сакал деца, и...
FlexiMac
 менување на македонски глаголи