а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

итар

итри
Вид збор: Придавка
1. Што е паметен, интелигентен, умен, но на штета на друг.
Англиски: clever
Примери:
Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.
2. Што е остроумен, снаодлив.
Англиски: crafty
Примери:
Со еден итар скок срната им се изгуби од пред очи.
3. Што е лукав.
Англиски: cunning
Примери:
итри трговци
итра измама
Итар Пејо
Изрази
Итра лисица среде стапица - кога некој кој обично е поитар од другите ќе биде изигран.
Итриот и будалата се токму - човекот треба еднакво да се заштити и од итар човек и од будала.
Изведенки
1. итро прил.
Пример: Итро се насмевна.
2. итрост ж.
итрина
Пример: Од него зрачеше итрост и снаодливост.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи