а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исцрта

исцртаат; исцртал; исцртан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14331
1. Пополни со црти, испише црти.
Англиски: draw Албански: vizatoj
Примери:
Ги исцрта контурите на објектот.
2. Изработи цртеж.
Англиски: draw Албански: vizatoj
3. Потроши цртајќи.
Англиски: draw Албански: vizatoj
Примери:
Го исцрта целото блокче.
4. (се исцрта) Се изрази, се покаже (обично на лице).
Англиски: pop up Албански: shfaqem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некаква гримаса на одбивност му се исцрта на лицето.
Омразата му се исцртуваше во очите.
Изведенки
1. исцртува несв.
исцртуваат
2. исцртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК