а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исуши

исушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да биде суво.
Англиски: dry Албански: thaj
Примери:
Овој крем ми ја исуши кожата.
Ја исуши косата со фен.
2. Испие, испразни до капка.
Англиски: empty Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Си го исушил шишето.
3. Силно удри некого, нанесе силна болка.
Англиски: hit Албански: godit
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го исуши по рака.
4. (се исуши) Стане сув.
Англиски: dry Албански: than
Примери:
Грлото му се исуши од викање.
5. (се исуши) За растение - овене.
Англиски: dry Албански: than
Примери:
Се исуши цвеќето.
Гранките на јоргованот се исушија.
6. (се исуши) Стане слаб, ослаби.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се исуши од грижи.
7. (се исуши) За мускул - атрофира, ја изгуби функцијата.
Англиски: atrophy Албански: atrofi
Употреба: Медицина , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Му се исуши левата рака.
Изведенки
1. исушува несв.
(се) исушуваат
2. исушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи