а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ист

исти
Вид збор: Придавка
1. Што не е некој друг, токму тој.
Англиски: same Албански: njëjti
Примери:
По многу години се најдов на истата улица, пред истата куќа.
Истиот тој пред еден месец поинаку зборуваше.
Истиот миг го грабна писмото и излета низ вратата.
2. Што не е поинаков; еднаков, многу сличен со некој друг.
Англиски: same Албански: njësoj
Примери:
И тој ги употреби истите зборови.
Двете купиле исти чевли.
Ист татко му.
Изрази
На иста бранова должина се - слично размислуваат, се сложуваат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи