а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истурка

истуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со туркање помести или отстрани некого, нешто.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Ме истуркаа од редот.
Ја истуркаа колата од гаража.
2. Турне да паднат повеќемина или повеќе нешта.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Пијаните гости ги истуркаа столовите.
3. Изурне, разурне нешто.
Англиски: tear off Албански: shkëput
Примери:
Ги истуркале старите куќи.
4. Оцени слабо на испит многумина, сите.
Албански: dobët
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги истурка сите, никој не положи.
5. Истера, стигне до определено време (со храна, со пари).
Англиски: make Албански: arrij
Употреба: Разговорно
Примери:
Којзнае дали ќе го истуркаме месецов со платата.
6. Направи нешто со голем напор, некако, на некој начин.
Англиски: make Албански: arrij
Примери:
Мора да ја истуркаме работава.
7. (се истурка) Со туркање се пробие.
Англиски: make Албански: arrij
Примери:
Се истурка и седна во првиот ред.
Изведенки
истуркува несв.
(се) истуркуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи