а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истури

истурат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Излее, исипе течност од некаде.
Англиски: spill Албански: derdh
Примери:
Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата.
2. Исипе нешто ситно, што може да се исипува.
Англиски: unload Албански: shtroj, shkarkoj
Примери:
Песокот го истурија во дворот зад куќата.
3. (само 3. л.) Падне пороен, силен дожд.
Англиски: rain Албански: derdh, bie shi
Примери:
Пред еден час истури, а сега повторно грее сонце.
4. Излее, преточи некакво чувство во определена реакција.
Англиски: spill Албански: derdh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го истури својот гнев врз оној што беше најмалку виновен.
Ја истури сета болка што ја носеше во душата.
5. (се истури) Се излее од сад.
Англиски: spill Албански: derdh
Примери:
Се истури легенот.
6. (се истури) Се излее од небото.
Англиски: pour Албански: derdh, zbraz
Примери:
Вчера се истурија дождови.
7. (се истури) Се изрази во голема мера.
Албански: derdh, shkep
Примери:
Се истури од плачење.
Се истури од род.
Изведенки
1. истура несв.
истураат
2. истурање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи